Велика Британија: Предлогот на Русија за Скрипал е перверзен

Макфакс

04/04/2018

14:42

1.003

Големина на фонт

а а а

Велика Британија го опиша како перверзен предлогот на Руската Федерација за заедничка истрага во врска со труењето на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

„Предлогот на Русија за заедничка истрага за инцидентот во Солзбери е перверзен, тоа е тактизирање“, категорични се британските претставници на Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО). Оттаму додаваат дека на овој начин Москва се обидува да ги избегне прашањата на кои руските власти треба да одговорат.

ОЗХО денеска вонредно заседава за случајот со труењето на Скрипал, што се случи пред еден месец. Специјалната седница на Извршниот совет на ОЗХВ се одржува во Хаг, на барање на Русија, зад затворени врати. Аферата поврзана со наводниот напад на Москва со нервен агенс, доведе до значителни дипломатски тензии меѓу Западот и Русија. Велика Британија го обвинува Кремљ дека е одговорен за нападот, властите во Русија категорично ги отфрлаат ваквите тврдења.



Спонзорирани линкови

Маркетинг