Морничаво предупредување на рускиот генерал: Светот е на работ на војна која можеби ќе биде и последната во човечката историја

Точка

04/04/2018

12:17

5.388

Големина на фонт

а а а

Генералот Јевгениј Бужински предупредува дека светот поради случајот со труењето на поранешниот руски шпион во Британија е доведен до самиот раб на војна која би можела да биде „последна во историјата на човештвото“.

Јевгениј Бужински кој 41 година служел во руската армија, изјави дека со протерувањето на дипломатите од Европската унија и САД, после труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во британски Солсбери, се создава ситуација полоша од Студената војна.

„Нешто полошо од Студената војна е избивањето на вистинската војна која би можела да биде последна во човечката историја“, предупредува рускиот генерал.


Бужински кој што се пензионирал како генерал-потполковник во 2009-та година во интервјуто за британски „БиБиСи“, на прашањето на новинарот Ник Робинсон дали случајот со Скрипал би можел да доведе до војна, одговори: „Случајот со труењето не, но притисокот после таквата ситуација - да“.

„Не ги познавате Русите. Што е поголем притисокот, така општеството е повеќе сконцентрирано околу претседателот. Со истерувањето на дипломатите, всушност ја туркате Русија во аголот, а тоа е многу опасен потег“, изјави Бужински.

Влошените односи помеѓу Западот и Русија кои што настанаа после неколкуте години во низа на воведени економски санкции против Москва, својот врв го достигнаа после инцидентот со труењето на Сергеј Скрипал.


Русија категорично тврди дека не е вмешана во труењето на поранешниот двоен агент, додека пак за Лондон и западните земји нема друг виновник освен Москва.

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров неодамна порача дека со овој случај, Велика Британија сака да го оттргне вниманието од случајот со Брегзит и нагласи дека Русија немала никакви причини да учествува во труењето на Скрипал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг