Британската воена лабораторија: Немаме докази дека отровот е од Русија

Макфакс

03/04/2018

22:00

2.280

Големина на фонт

а а а

Британската воена лабораторија соопшти дека не успеала да утврди оти нервниот агенс употребен при труењето на поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал потекнува од Русија.

„Успеавме да идентификуваме дека се работи за ‘новичок’ – нервен агенс од воен тип“, изјави Гери Ејткенхед, шефот на лабораторијата „Портон Даун“.

Според неговите зборови, лабораториски не можело да го утврди потеклото на агенсот, а британските власти користеле други извори за да дојдат до заклучоците.

Британските власти сметаат дека Русија е одговорна за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои на 4 март беа пронајдени без свест во англискиот град Солзбери. По обвинувањата од страна на британските власти, голем број земји, меѓу кои и Македонија, протераа руски диломат во знак на солидарност кон Велика Британија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг