Рускиот амбасадор: Македонија избрза, народите ги врзуваат вековни врски

Макфакс

03/04/2018

19:31

2.766

Големина на фонт

а а а

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак, кој попладнево присуствуваше на собирот за поддршка на протераниот руски дипломат, изрази благодорност за поддршката и за, како што рече, чувството на правда кое присутните го покажале пред амбасадата.

„Со големо жалење морам да кажам дека Македонија се приклучи кон анти-руската кампања која ја спроведуваат неколку држави, а тоа го направи без да истражи.  Избрзано, повикувајќи се на лажното чувство на солидарност кон Велика Британија, донесе одлука за протерување на рускиот дипломат кое се случи вчера. Овој чин е преседан, а нанесува голема штета на билатералната соработка. Русија согласно со меѓународните норми мораше да преземе мерки“, рече Шчербак.

Амбасадорот изјави дека разбираат оти овој чин не е на македонскиот народ кон Русија и истакна дека провокативните фејк вести според кои Русија се заканува да застане против интересите на Македонија се злонамерни и неточни.

„Со народот на Македонија нè врзуваат вековните врски и општите заеднички вредности. Ние ја признаваме Македонија под уставното име, а го признаваме и вашиот територијален интегиритет и независноста на земјата“, рече Шчербак.

Собирот беше организиран од страна на партијата Единствена Македонија, која се залага за блиска соработка со Русија и е против идејата за приклучување на земјата кон ЕУ и НАТО.



Спонзорирани линкови

Маркетинг