Таткото на убиениот агент Литвиненко го прокоментирал случајот со труењето на својот син и руски шпион: Ова е начин да покажат дека Москва е екстремно сурова и како се носи со непријателите

Точка

03/04/2018

19:25

5.329

Големина на фонт

а а а

Валтер Литвиненко за "RT" вели дека иако постојат сличности со случајот со труење на неговиот син, користена е друга тактика.

Валтер Литвиненко, татко на Александар Литвиненко, агентот кој бил отруен во Лондон пред една деценија, за руските медиуми го коментирал случајот Сергеј Скрипал, кој привлекол големо внимание во светската јавност. Во тој разговор тој зборувал и за случајот на својот син и истакнал кој смета дека е одговорен за неговото убиство. 

Тој вели дека руските бегалци во Велика Британија се заложници на разузнавачките служби на Западот. Со години верувал, како што вели, дека Русите се вмешани во нападот на неговиот син во 2006. година, но, додава, го променил мислењето откако со години ги анализирал недоследностите во истрага.

Лондон, да потсетиме, тврди дека Литвиненко бил отруен со радиоактивен полониум. Чинот бил означен како акт "на нуклеарен тероризам", за кој е обвинета Русија, а Москва тие обвиненија го отфрла.

Нападот на поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солисбери на 4. март е означен како "прв напад со нервен агенс во Европа од Втората светска војна".

Валтер Литвиненко за "RT" вели дека иако постојат сличности со случајот со труење на неговиот син, користена е поразлична тактика.

Како што вели, труењето на неговиот син е осмислено со цел да се покаже дека "Москва е екстремно сурова" и како таа "се носи со непријателите". Моменталната ситуација со случајот Скрипал е создадена, тврди тој, за да се испровоцира реакција од Москва.

"Сфатија дека згрешија во случајот со Литвиненко, и одлучија да ја променат тактиката. Не покажуваат никакви докази сега, се се сведува на чекање на реакции од Москва. Ако имало руски траг, се ќе било јасно одамна", вели тој.

Верува дека оваа истрага е многу помалку транспарентна од таа во 2006. година.

"Исто беше и со Александар, да имаше руска трага, тоа ќе се појавуваше од почеток и од почеток до ден денес. Скотланд Јард не бараше криминалци. Скотланд јард ги прекриваше трагите", додал тој.

"Ќе биде тешко се да се сокрие и на крајот нема да успее. Ќе бидат фатени, а Тереза Меј посрамотена, а и оној кловн Борис Џонсон ќе биде посрамотен", нагласил тој.

Литвиненко го изгубил синот откако поранешниот офицер на руските безбедносни служби ја напуштил Русија и дошол во Лондон. Таму соработувал со MI6 и шпанската полиција. Таткото тврди дека неговиот син станал заложник на странските влади и разузнавачките агенции.

Тоа се однесува на сите моќници и богати луѓе кои ја напуштаат Русија, како се Борис Березовси, но оние помалку истакнати како Сергеј Скрипал.

"Тие се заложници на американските власти кои тежнеат кон светска доминација. Додека е тоа така, тие ќе убиваат Руси и сите кои се против нив", рекол тој.

Со оглед на претходните сомнителни смртни случаи на руски државјани на британска површина, судбината на Скрипал е прилично мрачна. Ќерката на поранешниот двоен агент, Јулија, би можела да се извлече од оваа ситуација, бидејќи очигледно се нашла на погрешно место во погрешно време.

"За нив не е корисно Скрипал да остане жив. А девојката, таа не знае ништо. Скрипал знае. Таа едноставно дошла да го посети својот татко и станала дел од ова. Ќе ја пуштат неа да замине, но ако нешто знае - ни таа нема да е извлече", додал Литвиненко.




Спонзорирани линкови

Маркетинг