МВР ќе го гони за украден идентитет авторот на „Партиски вработена“

Макфакс

03/04/2018

15:53

5.279

Големина на фонт

а а а

МВР ќе го гони за украден идентитет авторот на песните со дискриминаторска содржина и говор на омраза објавени во збирката поезија од проектот „Млади поети“ на Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на Агенцијата, Дарко Каевски, соопшти дека полицијата поведува постапка за овој случај.

– МВР направи иницијатива за крадење на идентиетот на одредено лице, кое во неколку наврати јавно искажа дека тоа го направил. МВР ќе излезе со детали и конкретни дејства – рече Каевски.

Двете песни „Партиски вработена“ и „Моите соседи“ се потпишани од Даниел Пиљаковски, кој демантира дека тој ги напишал. Пиљаковски изјави дека неговото име било злоупотребено од страна на професорот по математика Александар Блажевски, кој јавно призна дека тој е всушност авторот на стиховите, а целта поради која го направил тоа, како што кажа, била опомена за моралните недостатоци во едно општество.




Спонзорирани линкови

Маркетинг