Пред да биде отруена заедно со својот татко, Јулија Скрипал пристапила до тајна сметка на која имало 170.000 евра

Точка

03/04/2018

15:14

5.312

Големина на фонт

а а а

Парите кои се наоаѓат во една руска банка, наводно биле добиени од продажба на куќа во Велика Британија, во која синот на Сергеј Скрипал Александар, живеел со поранешната сопруга Наталија.


Јулија Скрипал, ќерка на рускиот шпион Сергеј Скрипал, била отруена со нервен агенс само неколку дена откако добила пристап до тајната банкарска сметка на која имало 170.000 евра. Тие пари наводно биле добиени од продажба на куќа во Велика Британија. 

Кон крајот на февруари, Јулија од својот татко добила полномошно, за да може да управува со тајната банкарска сметка на својот покоен брат Александар, кој починал минатата година во Санкт Петербург, под неразјаснети околности.

Како што се наведува, парите кои се наоѓаат во една руска банка, наводно биле добиени од продажба на куќа во Британија, во која Александар живеел со поранешната сопруга Наталија.

Наталија, исто така ќерка на поранешен руски разузнавач, сега е омажена за тениски тренер од Велс, а кога ја продала куќата во која живеела со Александар, му испатила половина од парите кои ги добила од продажбата.

Инаку, банкарската сметка ја открила братучетката на Скрипал, Викторија, која наскоро би требало да ја посети Јулија во болница во Салисбери. Британските власти на Викторија наскоро ќе и издадат виза, така што таа ќе биде прв член на семејството кој ќе ги посети Јулија и Сергеј Скрипал.

За сегашната состојба на своите роднини, Викторија рекла дека нејзините сознанија се базираат на информации кои ги добила од руски дипломати, кои и пренеле дека Јулија ги отворила очите, дека може да јаде и дека дури и проговорела.

Таа и останатите членови на семејството се уште не разговарале со Јулија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг