Кекеновски објави 13 причини за создавање фракција во ВМРО – ДПМНЕ

Макфакс

03/04/2018

11:42

1.366

Големина на фонт

а а а

„Неснаоѓање на новото наметнато партиско раководство, водењето на недоследна партиска политика, страв од понатамошно обезличување на партијата, таа да стане вистинска и реална, а не фиктивна или договорна опозиција, која ќе има свои конкретни и долгорочни, а не дневно политички ставови, принципи, идеологија и политика. Ова се само дел од 13 причини кои ги објави професорот Јове Кекеновски, поради кои според него е формирана фракција во најголемата опозициска партија ВМРО – ДПМНЕ.

Според него, целта е за најкратко можно време со ново и демократско избрано раководство од членовите на партијата, да се врати како победник на политичката сцена, партиската енергија и сила да ја насочиме во одбрана на интереси на граѓаните , а не истата да се губи во пазарања со политичкиот ривал за ослободување или амнестија на оние кои сториле криминал и зло, партијата да се врати на членството и расчистување со авторитаризмот.

Како причини се наведуваат и – проветрување на партијата од соработници на службите, криминалните и аморалните структури, од одработувачите за туѓи интереси и недостоинствените, од прелетачите (ловци на функции), да се промени наследената фамилијарна состојба во која се наоѓа матичната партија, да се врати препознатливоста на ВМРО ДПМНЕ како партија на македонското национално и граѓанско единство, а не како партија кој дели и разделува и да се покаже дека е партија со европски и цивилизациски вредности, а не заробеници на личните фрустации на партиските раководства.

„Фракцијата е формирана против меѓупартиски нелогични јавни и тајни сојузништва и партиски договори и преговори спротивни на иделошките определби на партијата, не сакаме и нема да дозволиме и понатаму ДУИ и СДСМ да го девалвираат највисокиот законодавен дом и институциите на државата и со сите сили и демократски средства да го спречиме секој обид за обезличување на државата и ставање на пиедестал на државните и национални интереси“, наведува Кекеновски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг