СДСМ: Неказнивоста на говорот на омраза беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

02/04/2018

14:53

749

Големина на фонт

а а а

Владејачката партија реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со контроверзната збирка поезија, образложувајќи дека веќе е започнат процес за утврдување на одговорноста за пропустот со збирката „Млади поети“.

„Лицемерна е наводната загриженост за говор на омраза на ВМРО-ДПМНЕ, кога токму оваа партија е позната по говорот на омраза и дискриминација што со години ги практикува. Според јавно објавените информации, Агенцијата за млади и спорт веќе започна процес за утврдување на одговорноста за пропустот со збирката „Млади поети“. Започнатиот процес точно ќе ја лоцира одговорноста по што сите учесници во пропустот ќе се соочат со одговорност“, стои во писмената реакција на СДСМ.

Партијата додава дека со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијазаврши времето на неказнивост и прикривање на говорот на омраза, на дискриминацијата и шовинизмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг