Лавров за дипломатската војна: За време на Студената војна барем имаше некои правила...

Точка

02/04/2018

14:33

2.251

Големина на фонт

а а а

Колку далеку ќе отиде спорот помеѓу Москва и Западот поради случајот Скрипал не зависи од Русија, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Лавров изјави дека за време на Студента војна постоеле некакви правила, но сега Велика Британија и Соединетите Американски Држави ги отфрлиле сите стандарди и започнале да играат детски игри.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени на 4-ти март без свест во британскиот град Солсбери, по што беше утврдено дека биле отруени со нервен агенс, а како што е познато, тие моментално не се во критична здравствена состојба, но докторите соопштија дека можно е нивните ментални способности никогаш да не се вратат во нормала.

Официјален Лондон ја обвинува Русија за труењето, додека пак од Москва негираат било каква вмешаност во тој случај.


После овој инцидент следуваа низа на дипломатски мерки и контра-мерки помеѓу овие две земји. Велика Британија протера 23 руски дипломати, а неодамна и Русија одговори со иста мерка - протера 23 британски дипломати.

Набрзо потоа со Западот се солидаризираа речиси сите западноевропски земји, најголемиот број на земји членки на Европската унија, потоа САД, Канада, Австралија, но и Македонија, Албанија и Украина.

Споменатите земји одлучија исто така да протераат руски дипломати, а официјална Москва одговори со иста мерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг