Статуата на Дејвид Боуви беше жртва на вандализам, и тоа помалку од 48 часа откако била откриена. Бронзената скулптура, насловена "Гласникот од Земјата", беше откриена во Ајлсбери, каде што тој дебитираше со Зиги Стардаст.
"Прво нахранете ги бездомниците" е напишано пред него, на ѕид покрај него „РИП ДБ”, а обоена е и дел од статуата. Штетата е опишана како "ужасна" и "бесмислена" и се смета дека се случила во понеделникот ноќта.
Дизајнирана од скулпторот Ендру Синклер, статуата ги содржи различните ликови на Боуви. Од звучниците поставени над статуата секој час ќе се слуша по една од 2.000 песни на Боуви. Според заменик-градоначалникот на градот, Марк Вилис, не се користеле јавни пари за поставување на статуата: "Сакам да истакнам дека оваа статуа добила точно 0 фунти од јавните пари", рече тој.
Парите за да се создаде ова дело, кое официјално беше обелоденето во неделата, беа собрани преку грантови и 100.000 фунти биле собрани преку јавна кампања, односно фановите платиле за него.
Музичкиот промотор Дејвид Стопс, човекот што стоеше зад уметничкото дело, рече: "Можеме да ја отстраниме бојата, ќе работиме на тоа денес. Ова е јавно уметничко дело и ние ќе го следиме секојдневно.
Боуви првпат настапи како Зиги Стардаст во Ајлсбери во седумдесеттите.