Се сеќавате на момчето кое стана татко на 13 години? Приказната доби неверојатен пресврт

Точка

03/03/2018

18:22

24.482

Големина на фонт

а а а

Приказната за 13-годишното момче кое стана татко во себе ги носи сите елементи на ТВ сапуница – љубов, скандал, предавство, неочекуван пресврт, но и важна порака и предупредување.

Алфи Патен (13) во 2009 година стана татко на девојчето Мејси Роксен. 

“Тоа беше лудо време. Кога ја држев Мејси во своите раце за прв пат беше неверојатно искуство. Бев премногу неискусен за да ги сфатам последиците од тоа што сум млад родител, но ми се допадна да ја држам во раце и веднаш ја засакав”, изјавил Алфи.

Мајката, Шантел Стедмен, имала само 15 години кога се породила со Мејси, а Алфи набрзо стана познат како најмладиот татко во Британија, со што медиумите не го оставаа на мира.

“Каде и да одев, луѓето знаеја кој сум јас. Не можев да го напуштам својот дом со недели. Не посетував ни настава”, наведува младиот Патен.

Новинарите поставувале најразлични прашања, а едно од нив било и дали ќе може финансиски да ја обезбедат својата ќерка, на што Алфи одговорил – а што се тоа финансии?

Во меѓувреме, неговата мајка била очајна бидејќи не можела да поверува како нејзиниот син, кој немал ни измутиран глас, може да стане татко. Исто така, кога го прашувала како дошло до сето тоа, тој одбивал да одговори, по што таа почнала да се сомнева.

Мајката на Алфи инсистирала да се направи ДНК тест, бидејќи и две момчиња од соседството изјавиле дека постои можност тие да се родители на детето. Затоа, таа инсистирала да се направи тест и конечно се случило тоа – тестот покажал дека Алфи сепак не е таткото. Таа информација потполно го повредила.

##https://twitter.com/ken04095288/status/744328069444296704##

“Плачев со денови и едвај ја напуштав својата соба. Ситуацијата додатно се влоши бидејќи никогаш повеќе не ја видов Мејси затоа што Шантел и нејзиното семејство се преселија штом дознаа дека не сум таткото”, изјавил Пател.

Вистинскиот татко бил Тајлер Баркер кој живеел во истото маало и исто така имал 13 години. Тој признал дека ја изгубил својата невиност со Шантел една вечер под дејство на алкохол. Подоцна изјавил дека тоа е неговата најголема грешка во животот и дека посакува никогаш да не ја запознаел Стедмен. Баркер додал и дека тие имале односи само еднаш и мислел дека таа “се погрижила за контрацепцијата”.

“Продолжив понатаму. Моето семејство ми помогна. Пријателите ми помогнаа”, вели Алфи.


Многумина сметале дека родителите на Алфи добиле огромна сума на пари за бројните медиуми во кои се појавувале, но тие тоа го демантирале велејќи дека ни самите не биле свесни дека толку се зборува за нив.

Алфи Патен, осум години по тоа изјавил дека му е мило што тој не е таткото и дека оттогаш имал неколку врски, но и дека сè уште не размислува на деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг