Американскиот олимпиец затвори фарма за кучиња во Јужна Кореја и стана херој за љубителите на животни ширум светот

Точка

24/02/2018

16:42

6.346

Големина на фонт

а а а

Американскиот олимпиец Гас Кенворти помогнал во затворањето на фармата за кучиња и со тоа спасил 90 животни од грозната судбина која ги чекала.

Кенворти, кој во Пјонгчанг се натпреваруваше во скијање во слободен стил, го освои 12-тото место, но и срцата на бројните љубители на животни ширум светот со објавата на неколку фотографии на социјалните мрежи. 

Гас, наводно работел со здружението “Humane Society” на затворање на фармата, со што ослободиле 90 кучиња кои ќе бидат однесени во САД и Канада.


Спортистот задржал едно куче за себе, а го нарекол Бимо. “Не е моја работа да ги наметнувам западните идеали на луѓето овде, но начинот на кој се третирани овие животни е нехуман и “културата” никогаш не би требала да биде жртвено јагне за суровоста”, напишал Кенворти на Инстаграм. Тој објаснил и дека станува збор за една од 17 илјади фарми за кучиња во Јужна Кореја.

На минатите Зимски олимписки игри во Сочи, кога воедно и освои сребрен медал, Гас за прв пат го воодушеви светот со својата грижа за напуштените животни.

“Нови Олимписки игри. Истиот јас”, напишал Гас покрај двете фотографии од Сочи и двете од Пјонгчанг.

Освен грижата за животни, Кенворти го привлече вниманието и со своите разголени изданија, но за жал на бројните обожавателки ширум светот, тој во 2015 година призна дека е геј. Освен тоа, на Олимписките игри стана и херој на ЛГБТ заедницата откако пред камерите го бакна својот партнер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг