Ги дресира како кучиња: Секс-гуру ги учи Русинките како да заведуваат богаташи

Точка

24/02/2018

14:22

24.116

Големина на фонт

а а а

Александар Кирилов (36), наречен Алекс Лесли, на својата секс-академија ги учи девојките на сексуални методи и манипулација. Тој тврди дека им овозможил на стотици жени да најдат добра прилика за врска или брак.

Секс-гуруто од Москва веќе неколку години ја поседува оваа академија и се фали дека добро му оди. 

Им го менува животот

Кирилов, кој по професија е математичар со диплома од Московскиот државен универзитет, на секс-академијата нуди два вида обуки, од кои основната обука трае два дена и чини 115 евра, а напредниот курс трае една недела по цена од 330 евра. Тој вели дека е експерт во областа на машко-женско заведување, нестандардни врски, секс, садо-мазо секс, техники за оргазам и обликување емоции.


Овој секс-гуру им ветува на жените дека ќе им ја отрие тајната како лесно да заведат богаташи.

“Уловете ги најдобрите мажи во Москва и вовлечете ги во замката. Ќе имате на чинија еден или неколку фраери кои ќе ви бидат потчинети”, порачува Кирилов на рекламата за своите курсеви.

Русинот, кој на социјалните мрежи постојано објавува провокативни фотографии на кои до појас е помеѓу куп голи ученички, гарантира успех.


“Девојките ги учам на техники кои им го менуваат целиот живот – како да користат љубомора и манипулација за да ги потчинат мажите. Со помош на нив е можно да го натераат било кој “фраер” да се заљуби. Ги подучувам како да манипулираат со емоциите и срцата на ергените и најпознатите мажи во светот. По обуката, тие стануваат храбри, самоуверени и женствени девојки за кои не постојат пречки и пред кои сите паѓаат”, објаснува Кирилов.

Тој на тренинзите ги охрабрува жените слобоно да им приоѓаат на мажите, а тврди дека сите жени можат да бидат заводнички.


“Покрај умеењето да заведат и флертуваат, ги обучувам девојките да бидат добри во сексот и незаборавни во креветот”, наведува тој.

Ги дресира како кучиња

Како што открива, неговите ученички совладуваат сексуални вештини со помош на техники кои се применуваат при дресура на кучиња.

“Основниот принцип на тренингот е пофалба и казна. Вие фалите некого емотивно и интензивно, а од друга страна, казнувањето е студено и без емоции. Исто како при дресура на кучиња”, објаснува гуруто.


Најдобрата ученичка го завела тајкунот Олег Дерипаска

Александар Кирилов постојано се фали дека една од најдобрите ученички му била руската старлета Анастасија Вашукевич, попозната по името Настја Рибка. Таа во август 2016. година по курсот на Кирилов го завела рускиот металуршки тајкун Олег Дерипаска (50), чие богатство се проценува на 6,6 милијарди долари.


Рибка со уште неколку девојки минала три дена на јахтата на милијардерот, каде како што навела, имала секс со него. Таа објавила низа фотографии со тајкунот на неговиот брод, а во нивно друштво бил и заменик премиерот Сергеј Прихотко.

Поради нејзините фотографии во Русија избил скандал затоа што медиумите ги искористиле истите да ги докажат врските помеѓу Дерипаска и Кремљ.


Олигархот ја тужел Рибка, наведувајќи дека му ја загрозила приватноста. Судот во Москва минатата недела пресудил во корист на милијардерот и наложил старлетата да ги отстрани сите фотографии и снимки од социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг