NuMe: Колку оброци дневно треба да јадете за да се ослободите од вишокот килограми

Точка

26/02/2018

18:00

16.549

Големина на фонт

а а а

Дали некогаш сте се запрашале што е подобро: Да јадете три поголеми оброци, без ужина меѓу нив или да јадете шест помали оброци? Мислењата по ова прашање варираат во зависност од потребите и целта која сакате да ја постигнете.

Доколку сакате да ги намалите вишокот килограми најдобро е да одберете една конкретна програма и да се водите по неа. Во прилог ви објаснуваме за подобриот начин до намалување на килограмите и зошто е тоа така.

Обилните оброци го оптеретуваат нашиот дигестивен систем. По обилен оброк често се појавува чувство на подуеност и намалена енергија бидејки телото ја троши истата за да ја обработи храната. Со јадење на помали оброци, го спречувате чувството на подуеност и му овозможувате на телото да ги врши своите функции без потешкотии. Кога јадеме големи порции, нивото на шеќер во крвта се покачува. Откако ќе заврши процесот на варење на храната, нивото на шеќер во крвта паѓа, земајќи ја со себе вашата енергија и расположение.

Со почести и помали оброци во текот на денот, вие ја одржувате стабилноста на енергијата и шеќерот, како и нивото на мастни киселини во крвта. Со јадење на шест помали оброци во текот на денот вие се чувствувате помалку гладни и на тој начин и количината на храна која ја внесувате се намалува. Со зголемување на временскиот интервал меѓу оброците, се зголемува и потребата за храна, а со тоа и можноста за прејадување која е една од основните причини за прекумерна тежина.

Уште една причина поради која е добро да јадете шест оброци дневно е тоа што внесувате повеќе нутритивни вредности како витамини и минерали. Преку помали порции храна вие имате контрола над количеството протеин и хранливи влакна кои ги консумирате.

Појадокот е многу важен. Луѓето кои редовно појадуваат имаат поголема тенденција да ги намалат вишокот килограми.

Сигурно се запрашувате и како да се натерате да јадете шест пати дневно? Направете план и јадете на временски интервал од три часа. Така најдобро ќе ги организирате своите оброци и со леснотија ќе се водите по тој распоред. Препорачливо е да појадувате во текот на првиот час од вашето будење и секој следен оброк да ви биде испланиран по три часа.

Со nuMe нутриционистичката програма, на дневно ниво консумирате помалку од осумстотини калории. Супите, штанглите и шејковите со колаген на nuMe во целост може да заменат шест оброци во текот на денот. Ова иновативно и нутриционистичко решение е дизајнирано да ви помогне да се ослободите од вишокот килограми и да го одржите телото во одлична форма. Дневното мени од шест помали оброци ви помага во адаптацијата на целосно нов начин на исхрана, ги намалува пропорциите на вашиот стомак и ги менува вашите навики на долгорочен план.

Размислувате за времето кое ви е потребно да ги приготвите овие оброци? Начинот и времето на подготовка на вкусните nuMe супи и шејкови е всушност многу брза и едноставна. Се што треба да направите е, да ја помешате содржината со 250-300 мл. вода во стилизираниот nuMe шејкер. Voilà, bon appétit! Брзо и едноставно. Доколку немате nuMe шејкер, може да употребите обично шише за вода за да ја промешате храната.

Со nuMe храната за слабеење имате повеќе придобивки:

- Високи нутритивни вредности
- Внесувате мал број на калории
- Нема додадени шеќери
- Преку принципот „малку, а често“ на поедноставен начин ги добивате сите хранливи вредности кои ви се потребни.




Спонзорирани линкови

Маркетинг