Полош од Хефнер: Секоја вечер спие со четири жени, а неговите забави се вистински оргии (18+)

Точка

10/02/2018

14:51

40.739

Големина на фонт

а а а

Тајкунот Траверс Бејнон пред неколку дена ја разбесни јавноста со фотографиите на кои девојки го тетовираат логото на неговата компанија на своите задници.

Многумина го обвиниле дека се однесува како жените да се негово сопствеништво, но тајкунот кој се гордее со својот прекар “Candyman” не застанал тука. Првите 40 лица кои го истетовирале името на неговата компанија “FreeChoice” добиле авионски карти и влез на една од неговите диви забави во “Candy Shop Mansion”, негова верзија од “Playboy Mansion”. 


Секако, забавата без фотографии не би била забава, а Бејнон се потрудил снимките да ги преплават социјалните мрежи.

Забавата го чинела половина милион долари, а истата била одржана во неговата луксузна вила во австралискиот Златен Брег. Сите разголени девојки кои биле присутни на забавата биле одбрани од Траверс, а помеѓу атракциите се споменуваат и огномети, топлес диџејки и пристигнување на домаќинот на глисер.


“Candyman” претходно признал дека секоја вечер спие со најмалку 4 жени, а на неговата сопруга тоа воопшто не ѝ смета. Милионерот од Австралија живее во раскошен дом со Таеша Бејнон, со која се венчал во 2011 година, неговата девојка Ниша и неговите четири деца. Го нарекуваат “Австралискиот Ден Билзеријан” токму поради големиот број на девојки со кои тој спие.


“Кога имате една девојка, тоа е една работа. Но кога се повеќе, многу работи ми се вртат во глава. Секоја ноќ во просек имам четири девојки во кревет. Честопати се будам ненаспан. Времето во спалната соба не е време посветено на мене, туку на девојките. Да се биде добар во кревет не значи само да мислите на себеси”, изјавил Траверс за списанието “Ocean Road”.


“Отсекогаш постоеле други жени, некогаш живеат со нас неколку недели, а потоа си заминуваат. Погледнете ги социјалните мрежи, ќе забележите како девојките постојано му се фрлаат во прегратки. Мене не ми смета тоа, јас сум негова сопруга. Тој има многу девојки, но само една сопруга”, изјавила неговата жена Таеша.



Спонзорирани линкови

Маркетинг