Четворица повредени во сообраќајка на патот Скопје-Тетово

Макфакс

28/01/2018

14:04

2.152

Големина на фонт

а а а

Во сообраќајна несреќа што се случила утрото во 9 часот на автопатот Скопје-Тетово повредени се возачот и тројца сопатници. Несреќата се случила откако И.Р. (22), управувајќи го возилото марка „Форд Ескорт“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и удрил во карпа, по што автомобилот се превртел на десната страна.

Повредените, на возраст од 22, 24 и 27 години, се пренесени во болницата во Тетово. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.