Во Балтичкото море, најновиот руски воен брод, Иван Грен, успешно го спровел првото боево гагање и проверка на поморската артилерија.
Иван Грен е еден и пол пати поголем од своите претходници, а може да пренесе два до три пати повеќе војници, оклопни транспортери или тенкови. Уште една карактеристика на овој брод е палубната авијација. За прв пат на брод од овој тип се наоѓаат хеликоптери кои се сместени во хангарот.
Хеликоптерите Ka-29 се најважен дел од вооружувањето на големиот амфибиски брод.
За само неколку минути, тој може да пренесе мобилна група за напад на било која сакана точка.
Бродот е направен во рамките на проектот за развој на големите бродови 11711, кои добро се покажале во децениите служба во флотата.
Вооружувањето на бродот ќе вклучува универзални бродски артилериски системи "AK-176M" и "АК-630М". Исто така, за да ги уништи целите на брегот и да даде заштита при слетувањето на хеликоптерите, БДК е опремен со два бродски ракетни системи "A-215 Grad-M", кои имаат дострел од околу 20 км.
На палубата на БДК се наоѓа и еден хеликоптер за потрага и спасување, Ka-27 и транспортно-борбен хеликоптер Ka-29.
Таквите бродови може да носат до 13 тенкови или до 36 борбени пешадиски или оклопни возила.