Порно актерката Јуризан Белтран, била пронајдена мртва во станот во кој престојувала во Лос Анџелес, а постои сомнение дека се предозирала со лекови или дрога.
Една недела по самоубиството на Аугуст Ејмс, уште една порно актерка била пронајдена мртва. 31-годишната Белтран била попозната под уметничкото име Јури Лав.
Официјално не била соопштена причината за смртта, но инспекторите се сомневаат дека станува збор за преголема доза на лекови или дрога.
"Белтран починала од преголема доза на дрога. Нејзиното тело го пронашол сопственикот на станот во кој живеела. Околу нејзиниот кревет биле пронајдени разни апчиња", рекол нејзиниот пријател Ники Мило.
Ова е втора смрт во порно индустријата во рок од една недела. Јуризан кариерата ја започнала во 2004-тата година и нејзините пријатели истакнуваат дека ништо не укажувало на тоа дека ќе дојде до трагедија.