Поддржувачите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе протестираат пред затворот во Шуто Оризари

Макфакс

02/12/2017

00:00

531

Големина на фонт

а а а

По денешниот протест во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред кривичниот суд, каде што повторно поддржувачите и симпатизерите изразуваа поддршка за приведените пратеници, утре во 18 часот тие ќе протестираат пред истражниот затвор во Шуто Оризари.

Повторно и на денешниот протест беше присутен лидерот на партијата, Никола Груевски, кој денес најави оставка од функцијата претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Протестите се организираат од вторникот кога беа уапсени високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени за крвавиот четврток во Собранието на Република Македонија на 27 април.

К. Л.