Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои се и основачите и првото раководство на партијата по завршувањето на денешниот состанок, побараа претседателот на партијата Никола Груевски да си даде оставка и да се формира тело кое ќе спроведе вонреден конгрес за избор на нов лидер, со нови раководни органи.
Како што изјави Илија Димовски-Шаторот, првиот градоначалник на Прилеп и еден од најстарите членови на партијата, ветераните донеле вкупно пет заклучоци кои ќе бидат доставени до раководството на партијата. Меѓу тие заклучоци како што рече тој е и дека одлуките на ова раковство не се валидни, затоа што против најголем дел од нив се водат судски постапки.
„Против голем дел од членовите на сегашното раководство се водат повеќе истражни и судски постапки, затоа сметаме дека ова раководство не е во состојба да носи одлуки кои се интерес на партијата и државата.Тие за нас нема да претствауваат валидни акти“, рече Димовски.
Инаку инфилтрирана група луѓе им пријде на медиумите и рече не се согласува со мнозинството ветерани на состанокот. Еден од нив беше Тане Марковски од Охрид кој по завршувањето на состанокот се претсви дека е против овој собир и дека дошол да каже дека го поддржува Груевски.
„Ние сме меѓу првите луѓе кои се боревме и ги издржавме шибањата на СДСМ и затоа сега нема да дозволиме никој да не разубеди дека ова не е нивно масло.Не се согласувам со заклучоците изнесени овде и го поддржувам Груевски за лидер“, рече Марковски.
Ветераните бараат и поголемо учество и вклучување во органиите на партијата, преку формирање на Унија на ветерани.Тие всушност побараа да се укине досегашниот Совет на ветерени, кој бил формиран беа консензус на ветераните и целосно бил дискринминиран и маргинализиран од оваа раководство.
Инаку, како членови-ветерани на ВМРО-ДПМНЕ има регистрани околу 40.000.