Заврши протестот на ВМРО-ДПМНЕ, продолжува утре

Макфакс

29/11/2017

19:11

3.735

Големина на фонт

а а а

Повикот за протестот, кој го упати лидеорот на ВМРО-ДПМНЕ, следеше по вчерашните приведувања на триесетина лица поради обвинеие за насилствата во Собрание од 27 април.

Заврши протестот на ВМРО-ДПМНЕ, кој вечерва се одржа пред министерството за правда. Според најавите протестот ќе продолжи утре. Меѓу присутните на протестот, во првите редови беше лидерот на партијата, Никола Груевски, како и екс министерот за земјоделство Љупчо Димовски, кој е еден од пратениците за кои се бара одземање на пратеничкиот имунитет. Меѓу насобраните беше и Антонио Милошоски, кој нагласи дека биле обвинувани за режим, а како што рече, сега гледаме што е режим.