Полицијата не им дозволува пристап на новинарските екипи до судот

Макфакс

28/11/2017

09:48

920

Големина на фонт

а а а

Полицијата не им дозволува пристап на медиумите до кривичниот суд каде што моментно се наоѓа поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков.

Како што јавува нашиот репортер, на новинарите и снимателите не им е дозволено да се приближат до влезот на судот.

Полицијата утринава го приведе Чавков и уште петнаесетмина за настаните во Собранието на 27 април.

Покрај ексдиректорот на БЈБ, приведени се и актерот Владо Јовановски, пратеничката Жалина Пешевска, пратеникот Крсто Муковски, Горан Ангелов-Ќосето од Велес, пратеникот Љубен Арнаудов и други.

Тие се обвинети за терористичко здружување за уништување на уставниот поредок, за што е предвидена минимална казна затвор од 10 години.