Уапсен поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков

Макфакс

28/11/2017

09:39

2.325

Големина на фонт

а а а

Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и поранешен министер за внатрешни работи, Митко Чавков, рано утрово бил уапсен, по налог на јавен обвинител.

Причина за апсењето се насилствата во Собранието на 27 април. Во инцидентите повредени беа неколку пратеници, меѓу кои Зоран Заев, Радмила Шекеринска, а Зијадин Села заврши со сериозни повреди.

Чавков, е обвинет дека не давал наредба полицијата да ги спречи инцидентите на време. Се очекува утрово Чавков да биде донесен во кривичниот суд пред судија за претходна постапка.