Ратко Младиќ осуден на доживотен затвор поради геноцид

Точка

22/11/2017

13:04

3.565

Големина на фонт

а а а

Станува збор за првостепена пресуда на 75-годишниот Младиќ, кој е обвинет за воени злосторства извршени во време кога ја вршел должноста командант на Војската на Република Српска.

Судот одлучил дека Ратко Младиќ не е виновен за геноцид во шест општини во источна Босна, кој не бил утврден по првата точка. Но, виновен е за геноцидот во Сребреница и за ред други злосторства: прогонство како злосторство против човештвото, истребување како злосторство против човештвото, убиство, убиство како кршење на законите и обичаите при војување, принудна депортација, нехумани дела при принудно преместување, тероризирање, противправни напади на цивили и земање на заложници. 

Претседателот на расправното собрание на судењето на Младиќ, Алфонс Орие, во еден момент при читањето на образложението наредил поранешниот командант на Војската на РС да се отстрани од судницата бидејќи ја попречувал постапката.

Расправното собрание потврдило дека во јули 1995-тата година, бил извршен геноцид во Сребреница, но не и во шест други општини во источна Босна, како што се тврдело во обвинението.

Судот на изрекувањето на пресудата на Младиќ заклучил дека во општините Гочи, Кључ, Котор Варош, Приједор, Сански Мост и Власеница се случиле злосторства над не-српското население, но дека нивната намера не била истребување на народот. Утврдиле и дека во БиХ имало вооружен судир и дека злосторствата извршени во таа држава имале обележја на составни, масовни и раширени дела.

Обвинителството барало доживотен затвор

На пресудата за Младиќ се чекало повеќе од две децении, откако бил обвинет за воени злосторства извршени во време кога ја вршел должноста командант на Војската на Република Српска. Младиќ во Хаг бил обвинет за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите или обичаите за војување во Босна и Херцеговина од мај 1992-та година до пред крајот на 1995-тата година. 

Во завршното обраќање обвинителството за Младиќ барало доживотна казна затвор, додека одбраната предложила да се ослободи од сите обвиненија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг