Се оженил најнасилниот затвореник: Сопругата е 27 години помлада од него, а претходно била во врска со педофил и убиец на деца!

Точка

15/11/2017

15:06

10.046

Големина на фонт

а а а

Тој минал дури 40 години во самица, нападнал 20 затворски чувари и се заканувал дека ќе изеде еден затвореник. Неговата невеста пристигнала во затворот со виолетова наметка преку главата, за да се сокрие од фотографите.

Вчера се оженил еден од најнасилните британски затвореници, 64-годишниот Чарлс Бронсон. Во брак стапил со актерка која е 27 години помлада од него, а за прв пат по две децении носел панталони со патент, пренесува Daily Mail

Поради безбедност, на Бронсон ваква можност долго време не му била дозволена. 

Чарлс Бронсон се појавил во свечено сино одело, а потоа во 14 часот, 37-годишната Пола Вилијамсон станала негова сопруга. Во капелата имало само пет луѓе. 


Инаку, овој криминалец најмногу сака кога го нарекуваат Чарлс Салвадор, во чест на Салвадор Дали, познатиот уметник. 

Невестата дошла во затворот со виолетова наметка преку главата, за да се сокрие од фотографите. 


По венчавката Чарлс добил можност да мине два часа со својата сопруга, пред да се врати во својата ќелија. 

Невестата потоа заминала во хотел, за да ја прослави свадбата со гостите, а за медениот месец ќе оди на Малта. 

"Тој ми кажа да одам на меден месец без него", рекла Вилијамсон. 


Кој е Чарлс Бронсон? 

Чарлс Салвадор Бронсон, попознат како најнасилниот британски затвореник, минал 40 години во затвор. Престојот зад решетки имал големо влијание над него и неговите хобија, па почнал да се занимава со уметност. 

Тој бил затворен во 1974-тата година поради вооружен грабеж, учество во инцидент, како и држење на 10 заложници во затвор, што довело до дополнителна казна. Исто така, тој им се заканувал на затворските чувари, како и на еден затвореник, на кого му рекол дека ќе го изеде. 


Кога предизвикал немири во затворот, направил штета од 540.000 евра. На крајот, добил доживотна казна во 1999-тата година. 

Тој се жалел на доживотната казна и за две седмици одборот треба да се изјасни по тоа прашање. 


Неговата поранешна свршеничка и секретарка во "Фондацијата за уметност Чарлс Салвадор", истакнала дека уметноста е единствената работа по која сака да го помни. 

Од средината на 90-тите години, Салвадор, кој е затворен по 22 часа дневно, направил илјадници слики, карикатури и цртежи. 

Која е Пола Вилијамсон? 

Пола е актерка и неколку пати се појавувала во "Coronation Street" помеѓу 2008-та и 2012-тата година, како неименувана медицинска сестра. 

Глумела и во други серии, а во една играла и стриптизерка. Дипломирала во Манчестер во 2005-тата година. За својот сопруг вели дека е многу заљубена во него, пренесува The Sun

"Во минатото бев во врски и со мажи и со жени, но ништо од тоа не може да се спореди со мојата љубов кон Чарли. Тој е ексцентричен, како и јас, па совршено се вклопуваме. Знам дека во јавноста го следи имиџ на насилник, но тој е всушност сосема поинаков. 

Направи толку многу уметнички дела. Никогаш нема да може да го смени тоа што го направил, но се обидува да го остави зад себе", вели таа.