Ако избие нуклеарна војна, Трамп влегува во овој авион и од таму дава наредби

Точка

13/11/2017

19:13

4.221

Големина на фонт

а а а

"Boeing E-4Bs" чини околу 250 милиони долари, а еден час негова работа чини неверојатни 160.000 долари.

Овој неверојатен авион е дизајниран за денот кога ќе дојде "крајот на светот" или до изненаден нуклеарен удар. 


Официјално е познат како "National Airborne Operations Center", кој им дозволува на американските претседател да издаваат директни наредби и да одлучуваат додека се на небото. 


"Boeing e-4Bs" чини околу 250 милиони долари, а еден час негова работа чини неверојатни 160.000 долари. 

Авионот има широк спектар одбранбени механизми, вклучувајќи и способност да издржи електромагнетни импулси. Екипажот на авионот користи аналогни инструменти за летање во кокпитот, бидејќи се помалку подложни на сајбер напади. 


Иако овој авион технички не е тајна, ова летало е најбезбедно место за претседателот во случај на војна или нуклеарен напад. 


За разлика до церемонијалниот и комфорен "Air Force 1" авион, главната соба е "воена", а во неа седат десетина воени аналитичари, стратези и помошници за комуникација кои ќе го водат претседателот преку првите денови од нуклеарната војна. 


Исто така, поседува и посебна опрема, како што е антена долга 8 километри, за претседателот да може да остане во контакт со флотата нуклеарни подморници и по уништувањето на комуникацијата на земјата. 


Во текот на последните децении од Студената војна, авионот "E4Bs" стоел во воздухопловната база Ендруз во Мериленд. Секогаш кога претседателот се наоѓа во државата, леталото е во состојба на приправност во Омаха, во Небраска. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг