Пофанатични од исламистите, и ѝ се закануваат на Европа: Шокантна снимка открива како белите националисти се подготвуваат за војна!

Точка

10/11/2017

17:36

7.393

Големина на фонт

а а а

Белата националистичка група почнала да регрутира британски членови и да ги праќа во воени кампови за обука во странство.

"Generation Identity", паневропска група, официјално ја лансирала својата нова експозитура во Велика Британија минатиот месец, а прикриени новинари од "ITV", учествувале на тренинзите. 

Еден човек, кој бил тајно снимен за документарниот филм "Undercover - Inside Britain's New Far Right", го опишал неделниот камп на "GI" во Франција како "навистина добар". "Трениравме до два часот наутро", додал тој. "На крајот на неделата имавме лажна демонстрација". 

"Беше многу реално, бидејќи имаа работи како солзавец, всушност имаа сè. Беше навистина организирано". 

Еден висок член на "GI" од Норвешка, на новинарот кој се инфилтрирал во групата цели шест месеци, му рекол: "Сакаме млади нормални луѓе кои сакаат да се вклучат во борбата, и ние ги обучуваме". 

Видео снимките прикажуваат околу 200 членови кои практикуваат борба гради во гради на летниот универзитет, пред да парадираат во униформите со логото на "GI". 

"GI", која настанала во Франција и се проширила во Европа, тврди дека таа ги претставува "автохтоните Европејци" и пропагира теорија на заговор за тоа дека белците стануваат малцинство во тоа што го нарекуваат "големата замена". 

Таа своето присуство во Велика Британија го објавила со поставување на банери на Вестминстер мостот со порака "Го браниме Лондон - стоп за исламизацијата" и регрутираат нови членови, пишува Independent.