"Рајските документи" откриле измама: Американците купуваат гас од Русите, па го продаваат во Европа поскапо

Точка

08/11/2017

21:08

7.466

Големина на фонт

а а а

САД сакаат да ја истуркаат Русија од енергетскиот пазар на ЕУ, откриваат "Рајските документи". Ништо ново, освен што е откриено дека американските бродови во Европа праќаат руски гас.

Цистерните кои се во сопственост на американските енергетски корпорации, се полнат со течен природен гас од Русија, и одат до терминалот Антверп во Белгија, пишува белгискиот весник "Le Soar". 

Ова било откриено во рамките на истрагата за "Рајските документи". 

Документите покажуваат дека 4 бродови во сопственост на "Navigator Holding", купиле гас од руската компанија "Sibur". 

 

Бродовите, наводно, биле натоварени во руското пристаниште "Уст Луга". Документите откриваат дека американскиот министер за трговија, Вилбур Рос, е сопственик на 35 проценти од "Navigator", која е регистрирана на Маршалските острови. 

На почетокот на оваа година, рускиот претставник во ЕУ, Владимир Чизов, рекол дека САД нема да може да го замени рускиот гас во ЕУ, па дури и ако се обидат на сите начини. 

Документите сега го откриваат парадоксот дека ЕУ, која активно гради нови терминали за да ја намали зависноста од рускиот природен гас, моментално се уште купува руски гас, но по повисока цена, и не од Русија. 

"Вашингтон се обидува да ја потисне Москва од европскиот пазар за гас, посебно поткопувајќи го проектот за гасоводот "Северен Тек 2", со секакви видови на правни одлуки, инструменти и санкции", рекол рускиот премиер Дмитриј Медведев кон крајот на септември. 

 

Во правна смисла, моменталната ситуација не крши никаков меѓународен или друг закон, но резултатите од целосната истрага ќе покажат кој ќе биде епилогот за САД, рекол експертот од Меѓународниот институт за политички студии, Владимир Брутер. 

"Американските компании се подготвени да бараат еднократни решенија кои им носат некаква корист, но го отежнуваат работењето со други држави. Тоа го карактеризира целиот американски пристап во трговијата", додал тој. 

Меѓутоа, не е сосема јасно како американските компании не ги кршат американските санкции со тоа што работат со руски енергетски компании. 

"Ништо лично, тоа е само бизнис. Американските купувале руски гас, а сега го продаваат и земаат профит. Истовремено, се обидуваат да ја оддалечат Москва од тој пазар". 




Спонзорирани линкови

Маркетинг