(ВИДЕО) Граѓани пет часа спасуваа истоштен коњ на улицата „Васил Ѓоргов“ во Скопје

Макфакс

20/10/2017

00:01

4.748

Големина на фонт

а а а

Граѓани, ветеринари и активисти на Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ пет часа спасуваа два истоштени и прегладнети коња на улицата „Васил Ѓоргов“ во близина на ТЦ „Зебра“ во Скопје.

Едниот коњ, во видно влошена здравствена состојба, речиси пет часа лежеше на улицата. Пред малку, по 10 шишиња инфузија, коњот успеа да се исправи на нозете.

„Сега чекаме транспорт за и ова коњче да го однесеме на сигурно, во приватен пансион во Катланово. Таму го испративме и она што беше со него. Околу 17 часот двата коња влечеа запрежна кола, но овој што сега е тука падна, истоштен и го повлече и другиот коњ. Тој веднаш успеа да стане и него брзо го испративме во Катланово, но ова коњче се мачеше пет часа. Успеавме да го кренеме, но се уште е во многу лоша состојба. Човекот што беше со коњите е приведен оти овде пред нас ги тепаше откако паднаа обидувајќи се да ги натера да станат“, велат граѓаните кои цела ноќ се во спасувачка мисија.


Здружението „Анима Мунди“ побара измена на Законот за благосостојба на животни со кои ќе се забрани коњски сообраќај во урбани средини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг