(ВИДЕО) Новковски:Не е доволно да се смени само лидерот, потребно е чистење на криминалните структури во ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

17/10/2017

17:54

895

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ нема да се врати на правиот пат се додека не се сменат криминалните структури од мрежата што низ годините ја создаваше Груевски, рече, еден од првите членови на партијата, Ненад Новковски.

Потребни се коренити кадровски, идеолошки и структурни промени, кои според него се задоцнети, затоа што партијата од година во година губела квалитетни кадри, а за сметка на тоа се забетонирала во круг на слепи послушници.

“Години наназад ВМРО-ДПМНЕ не е она што беше.Се спроведуваала лоши политики, се замолчуваа и бркаа луѓе кои имаат прогресивни идеи, за да на крајот ВМРО-ДПМНЕ ја направат партија на подданици собрани во криминална структура.Најмалку што може да напрвави ова раководство ,е да си ја превземе одговорноста , да се пријави во СЈО и да биде соодветно санкционирано за своите постапки.Тогаш постојат шанси за нов пат и враќање на вербата во партијата“, вели Новковски.

Состојбата во која сега се наоѓа ВМРО-ДПМНЕ , според Новковски е слична со состојбата кога СДСМ тонеше во порази поради лошите политики на Бранко Црвенковски.Сепак, како што рече тој и покрај тоа што Црвенковски требаше да биде казнет и сменет уште во 1998-та,тој од партијата замина дури 2006-та.Последователно на тоа и ВМРО-ДПМНЕ задоцни со промената на оваа раководство, заклучи тој.Новковски за спасот на партијата покрај итните реформи во постоечката ВМРО-ДМНЕ, не ја исклучи и можноста за формирање нова партија, со ист идеолошки предзнак кој ќе го повлече вмровското членство.

Г.Д.М