Коцкање со голем влог: Дали најмоќната земја на светот полека го губи трпението со Ердоган?

Точка

17/10/2017

20:10

17.257

Големина на фонт

а а а

Овие денови донесоа вистинска драма во дипломатските односи помеѓу Соединетите Американски Држави и Турција, двата големи НАТО сојузници.

После затворањето на вториот вработен во Турција во еден од своите конзулати, американската дипломатска мисија во Турција соопшти дека ќе престане да ги процесира барањата за немигрантски визи на турските државјани.

Во рок од само неколку часа, амбасадата на Турција во Вашингтон на сличен начин соопшти дека и таа ќе престане да ги процесира барањата на американските државјани, па дипломатската криза помеѓу Вашингтон и Анкара драстично се продлабочи.

Овие потези на двете страни се само продолжение на веќе започнатите препукувања уште од воениот удар во Турција од пред две години, за кој што владата од Анкара го вперува прстот во Вашингтон, односно во Фетулах Ѓулен кој што живее во Пенсилванија, а кого американските власти одбиваат да го екстрадираат во Турција каде што го чека судски процес.


Како што пренесуваат американските медиуми, пристапот на Америка бил да бидат игнорирани дневните обвинувања кои што речиси секојневно се појавуваа на насловните страници на сите весници во Турција кои што се под контрола на Реџеп Таип Ердоган.

Односите помеѓу двата сојузници беа влошени долго време. Турците се вознемирени затоа што САД им дава поддршка на сириските Курди во борбата против Исламската држава на северот од Сирија.

Покрај тоа, Анкара е во конфликт со Вашингтон поради затворањето на турско-иранскиот бизнисмен и заменик претседател на турската национална банка, под обвинение дека го употребил американскиот банкарски систем за да ги заобиколи санкциите на САД против Иран.

На крајот, веќе повеќе од две години, Ердоган инсистира Фетулах Ѓулен да биде екстрадиран во Турција затоа што го смета за одговорен за организацијата на воениот удар после кој што започнаа масовни чистки ширум Турција.


Зошто Ердоган би ризикувал влошување на односите со САД?

Меѓутоа, главното прашање е зошто Ердоган ги ризикува добрите односи на Турција со најмоќната земја на светот и еден од најблиските турски сојузници веќе со децении?

Некои американски аналитичари велат дека тоа би можело да има врска со домашната политика на Ердоган поради која ги користи меѓународните односи како погодна алатка. Сепак, Турција секако не е неважна земја за Америка и американските западни сојузници со оглед на тоа што во Турција се наоѓа воздухопловната база Инџирлик која што ја користи НАТО во борбата против ИСИС.

Покрај тоа, пред нешто помалку од две седмици, американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот со Реџеп Таип Ердоган во Њујорк гласно порача дека американско-турските односи никогаш не биле подобри.

Меѓутоа, како што пишува "American Interest", таквиот коментар на Трамп бил одвоен од реалноста, па Ердоган морал да биде заведен од истиот, додека пак администрацијата на поранешниот американски претседател Барак Обама, никогаш не го критикуваше Ердоган поради „вртењето“ на Турција кон диктатура.


Американската закана со сопирање на издавањето на визи е јасен знак дека Америка сака ослободување на своите граѓани од турските затвори, пренесуваат американските медиуми, меѓутоа Ердоган сепак се обидел да ја игра играта. Кога истото го сторил со Владимир Путин, Турција веднаш доби санкции кои што не само што го натераа да се повлече, туку мораше и јавно да се извинува.

Сега, јасно е дека Ердоган ќе продолжи да ја предизвикува Америка пред да се повлече за да добие политички поени на домашната сцена, но според "American Interest", во тој процес може сериозно да ги загрози односите помеѓу двете земји.

Кои се следните чекори?

Кризата околу визите најмногу ќе им наштети на студентите и бизнисмените кои што имаат голема потреба од патување од Турција во САД и обратно.

Од друга страна, Турција може да им го отежне животот на Американците кои што се борат во Сирија преку базата Инџирлик, иако јасно е дека една земја како САД, тешко дека може да зависи само од една база кога во регионот веќе има бројни бази, а располага и со носачи на авиони.


Од друга страна, како што пренесуваат американските медиуми, најголема жртва повторно ќе биде туризмот во Турција, исто како што беше и во случајот со Русија. Но, паралелно со туризмот, ќе биде погодена и турската економија во целина, тврдат американските медиуми.

Сепак, според мислењето на Хенри Баркли, професор по меѓународни односи на Универзитетот во Бетлхем во Пенсилванија, вистинското заострување на односите може да се случи откако ќе завршат операциите против Исламската држава во Сирија, затоа што тогаш Вашингтон може да ѝ порача на Анкара дека повеќе Турција не ѝ е потребна на Сирија за „американските потреби“ на Блискиот исток.



Спонзорирани линкови

Маркетинг