ФК Напредок го допре дното: Некогаш прволигаш, сега ,,проси за пари”

Дерби

06/10/2017

13:45

653

Големина на фонт

а а а

Некогашниот прволигаш со голема традиција, кичевски Напредок го допре дното со последното официјално соопштение од клубот.

Тие на својот официјален профил на социјалните мрежи директно се обратија до сите кои сакаат финансиски да го покријат патувањето на кичевчани до Речица.

Но, не е проблемот од сега во Напредок. Проблемот се влече веќе подолг период зошто клубот нема основни средства за ,,преживување”. Напредок во минатото имаше и светлосни моменти и секогаш беше во горниот дел на табелата, дури и играше во финалето на Купот на Македонија во 2004 година. Последен пат прволигаш беше во сезоната 2013/2014 година. Но, сепак ова не е тема која го мачи еден клуб. Очигледно е дека во Македонија голем број фудбалски клубови, едвај ,,крпат крај со крај” па овој случај со Напредок и воопшто не изненадува.