Богдановиќ: Грижата за возрасните лица е еден од моите врвни приоритети

Макфакс

01/10/2017

17:44

276

Големина на фонт

а а а

„Немојте да заборавите, ова го барале повозрасните лица од општина Центар од кандидатот на СДСМ и Коалицијата за градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Бидејќи има стари лица за кои никој не се грижи, на некои им треба нега но и убав збор, Богдановиќ на денешната средба со Здружението за поддршка и развој „Хуманост“, посочи дека грижата за повозрасните сограѓани е еден од неговите врвни приоритети. 

„Во општина Центар 20 проценти од населението се повозрасни лица. Грижата за нив е еден од моите врвни приоритети. Затоа ја продолжувам, но и проширувам грижата за овие наши сограѓани. Во моментов стотина лица на возраст над 65 години, добиваат нега во домашни услови, субвенционирана од општина. Во иднина сите лица кои ги исполнуваат условите ќе добиваат ваква нега и помош. Сакам да објавам дека ќе воведам и дежурни телефони за итни потреби на возрасните лица и нивните семејства. Уште еднаш сакам да ја истакнам мојата заложба и заложбата на мојот тим и на општината за секојдневна и целосна грижа за нашите повозрасни“, изјави Богдановиќ.