Од СДСМ поставуваат прашања за тоа дали Мицкоски и Филков конечно ги испратиле документите за екстрадиција на Никола Груевски и го истакнуваат молкот и избегнувањето одговори од повеќе од еден месец, потенцирајќи дека јавноста заслужува да знае точна информација.
„Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор.
Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија.
Што се случува со документите? Кога ќе бидат испратени“, прашуваат од СДСМ.
Како што додаваат, повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае:
„Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија документите за екстрадиција на Никола Груевски?
Зошто се бега од толку едноставно прашање на кое граѓаните со месеци не добиваат одговор за најпознатиот македонски криминалец“.
Можеби, велат од СДСМ, затоа што Мицкоски не го сака враќањето на Груевски, затоа што знае дека тоа директно би ја загрозило неговата позиција во ВМРО-ОКГ.
„Веќе ги тргна сите потпретседатели од партијата а од општинските комитети направи личен фан-клуб, во страв од враќањето на неговиот ментор.
Очигледно става збор за свесна и намерна заштита на Никола Груевски човекот кој стана симбол на криминалот, корупцијата и заробената држава“.







