Тој има 91 година, а неговата сопруга е 46 години помлада од него!

Точка

30/09/2017

17:56

7.882

Големина на фонт

а а а

Што помислувате кога ќе слушнете дека сопругата е помлада 46 години од својот сопруг? Претпоставуваме кој би бил вашиот одговор, но вие прочитајте ја приказната за овој пар, па можеби ќе го промените вашето мислење.

Постојат многу предрасуди за тоа дека големата разлика на годините во бракот е целосно од интерес отколку од љубов. Всушност, се работи за Дик ван Дајк, американски глумец и комичар кој во 2012 година склучи брак со шминкерката Арлин Силвер. Тоа што ги запрепастило сите е дека таа е помлада 46 години од него. Дик ја нарекува "девојче - невеста", а Арлин на тоа сигурно ги превртува очите. 


"Ја здогледав на доделување на награди и морам да признаам никогаш во животот немам пријдено кон некоја непозната женана на таков начин. Мојот инстинкт ме натера да ѝ пријдам, да седнам до неа и да ѝ се претставам. Потоа таа стана дел од мојот тим како шминкерка за моите снимања и на тој начин се повеќе се зближувавме. Често знаеше да ми зготви некое јадење или да ми донесе вечера. Таа се грижеше за мене. Па како да не ожениш таква жена?", вели Дик во гостувањето во емисијата на Опра.


Арлин, исто така ја раскажала својата приказна.

"Знаев кој е Дик уште пред да ми се доближи. Никогаш го немам гледано филмот "Мери Попинс"  и улогата која го прославила, ниту неговото шоу. Кога станавме поблиски, ми даде да ги изгледам сите филмови во кои глумел. Мислев дека нашата врска нема да успее, а тоа го кажуваше и неговиот брат", вели Арлин.