Мистеријата на династијата Ким: Откриени шокантни детали за тројцата лидери на Северна Кореја

Точка

30/09/2017

17:34

11.710

Големина на фонт

а а а

Една од најзатворените и најтајни земји во светот, секако е Северна Кореја. И додека Пјонгјанг спроведува нуклеарни тестови од кои остатокот на светот стравува, да погледнеме неколку интересни факти за династијата која владее со оваа држава.

Планината Баекту 

Севернокорејците сметаат дека основачот на државата Ким Ил Сунг се борел против Јапонците во подножјето на планината Баекту, највисока и најсвета планина на Корејскиот полуостров. 

Исто така, тоа е место каде Ким Јонг Ил се родил, како што велат. Таа крвна врска која потекнува од споменатата планина, е тоа што дава легитимитет на неговата власт веќе 70 години. 

Откако е формирана Демократската Народна Република Северна Кореја во 1948. година, со таа земја владееле само три лица. 

##https://twitter.com/i/web/status/909597881639882752##

Ким Ил Сунг 

Го нарекуваат "Големото Сонце на Животот" или "Генералот кој секогаш победува". Тој ја основал ДНРСК, а како герилец се борел против јапонската војска и подоцна против Советите во Втората светска војна. И денес е многу ценет и обожуван во земјата каде постојат илјадници споменици во негова чест. Многу жители носат значки со неговиот лик, а имаат и портрети од него во своите домови. Умрел на 8. јули 1994. година. 

Ким Јонг Ил 

Кога се родил, се појавила една нова ѕвезда на небото. Многу историчари веруваат дека е роден во Русија, но дека тој податок подоцна бил изменет за да се верува дека и тој е роден на планината Бакету. Бил голем љубител на филмови и имал повеќе од 20.000 касети. 

##https://twitter.com/ThomasWictor/status/911727919101124609?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F2916861%2Fsamo-tri-coveka-su-vladala-severnom-korejom-ovo-su-najludje-price-o-tajnovitijoj-porodici-sveta##

Се смета дека имал најмалку 4 жени, но сите биле чувани далеку од очите на јавноста. 

Ким Јонг Ун 

Пред неколку години, сосема нормално носел дрес од Чикаго Булс и Најк патики, а денес им се заканува на Американците со сета сила. 

Се верува дека одел во приватно училиште во Швајцарија од 1998. до 2000. година под лажно име Пак Ун. Семејството вложило големи пари во неговото образование, но него го интересирала само музиката и кошарката. 

Легендарниот кошаркар Денис Родман е еден од ретките луѓе од Западот кој дури неколку пати во Северна Кореја и важи за добар пријател на Ким Јонг Ун. Родман рекол дека тие се пријатели за цел живот и дека ретко зборуваат за политика. 


Иако не бил предвиден да го наследи престолот, го наследил својот татко по неговата смрт во 2011. година. Постариот полубрат на Ким Јонг Ун бил меѓу првите за тронот, меѓутоа, бил прогонет бидејќи патувал со лажен пасош. Пред неколку месеци бил убиен во Куала Лумпур, кога го нападнале две жени. 

##https://twitter.com/NST_Online/status/913624377249402881?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.kurir.rs%2Fplaneta%2F2916861%2Fsamo-tri-coveka-su-vladala-severnom-korejom-ovo-su-najludje-price-o-tajnovitijoj-porodici-sveta##

Уште еден брат, Ким Јонг Чул, исто така бил кандидат за престолот. 

Државните медиуми не објавуваат информации за приватниот живот на семејството, но се верува дека Ким Јонг Ун е оженет со Ри Сол Ју. 

Не се знае ни точната година на раѓање на Ким - 1983. или 1984. Првото појавување во јавноста му било во 2010. година. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг