Роглев: Ќе го довршиме и донесеме Генералниот урбанистички план на општина Богданци

Макфакс

30/09/2017

13:09

1.437

Големина на фонт

а а а

„Програмата што ја нудиме е реална и остварлива, базирана исклучиво на потребите и барањата на жителите на Богданци, Стојаково, Ѓавото и Селемлија, нудиме модел на општина со широко отворени врати за секој граѓанин, за секој проблем, за секој предлог, за секоја идеја без разлика од каде доаѓа, се со една единствена цел заеднички да направиме модерна и современа општина Богданци“, рече на прес-конференција кандидатот за градоначалник на општина Богданци од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Роглев.

„Под итно ќе го довршиме и донесеме Генералниот урбанистички план на општина Богданци, а деталниот урбанистички план ќе го изработиме заеднички со бизнис секторот и граѓаните на општина Богданци во склад со нивните потреби, а се со цел да им помогнеме и да им овозможиме проширување на нивните бизниси и отворање на нови работни места. Ќе обезбедиме локации за нови индустриски зони по должината на регионалниот пат Богданци – Гевгелија во месноста викана Л‘ГОТ се со цел привлекување на странски инвеститори но и да ги вратиме нашите бизнисмени кои заради недостаток од простор изнајмуваат простори за своите бизниси во соседните општини. За да ја зголемиме безбедноста на сообраќајот во Богданци ќе изградиме три кружни тека од кои еден на раскрсница „Илинден”, еден на раскрсница „Чавдарова Чаешма” и еден кружен тек надвор од Богданци на спојувањето на регионалниот и заобиколниот пат“, изјави тој.