Фудбалерите на Вардар го загубија и вториот меч во групната фаза во Лига Европа и тоа на гостински терен кај Розенборг кој вечерва на стадионот „Леркендал“ славеше со 3-1.
„Црвено-црните“ одиграа далеку подобро од првата средба против Зенит, упатија повеќе удари од норвешкиот прволигаш, ама реализацијата не беше на потребно ниво, плус Розенборг го искористи своето далеку поголемо искуство кога се во прашање мечевите во ваква фаза во Европа.
Првиот гол падна од пенал во 25 минита, реализатор на најстрогата казна по стратот на Муслиу над Бендтнер беше токму поранешниот напаѓач на Арсенал. Со овој резултат се замина на одмор по што Вардар тргна да се надигрува и израмни, но Кондрасен во 56 минута со прекрасен гол зголеми на 2-0.
Во 68 минута следуваше нов шок за вардарци, Хеденштад ја погоди нивната мрежа по што стана јасно кој ќе ги собере трите бода на средбата. До крајот избраниците на Јаневскис е обидуваа да дојдат до почесен гол, а во тоа и успеаа во 91 минута преку Хуан Фелипе кој велемајсторски го матираше голманот на Розенборг.
Следните два предизвици за Вардар во ЛЕ се дуелите со шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад.