Голем пресврт во случајот со смртта на американскиот студент: Резултатите од обдукцијата покажале дека не бил мачен во Северна Кореја

Точка

28/09/2017

17:23

10.210

Големина на фонт

а а а

Американскиот студент бил заробен во Северна Кореја од јануари 2016. година, до ослободувањето на 15. јуни. 22-годишниот Вормбир бил вратен во САД во кома.

Американскиот студент Ото Вормбир, кој умрел по 17-месечно заробеништво во Северна Кореја, немал знаци на мачење по телото и починал откако дотокот на кислород и крв во мозокот станал недоволен, покажал извештајот на обдукцијата објавен вчера. 

Неговата смрт на 19. јуни е последица од непозната повреда која се случила година претходно, рекол патологот Лакшми Самарко од Хамилтон во Охајо, на конференција за новинари. 


"Не знаеме што му се случило, и тоа е тоа. Никогаш нема да знаеме што се случило, освен ако луѓето кои биле таму не излезат во јавност и кажат: Еве што се случи со Ото", рекла Самарко. 

Самарко рекла дека ги разбира родителите на Ото што жалат за својот син, но дека не сака да ги коментира нивните заклучоци за неговата смрт. 

Американскиот студент бил заробен во Северна Кореја во јануари 2016. година, до ослободувањето на 15. јуни. 22-годишниот Вормбир бил вратен во САД во кома. 

 

Обдукцијата покажала дека немало мачење 

На барање на семејството не била спроведена целосна обдукција, туку надворешен преглед на телото, кој не покажал никакви знаци на мачење во Северна Кореја. 

Таа спровела виртуелна обдукција и истакнала дека телото на Ото било во многу добра состојба за некој што наводно бил врзан за кревет една година. 

Нејзиниот извештај покажал дека телото делувало и како "многу добро ухрането". 

Неговите родители тврделе дека бил мачен и дека забите му биле кршени со клешти. Патологот рекол дека немало такви знаци, ниту дека имало скршени коски. Забележани биле лузни, а најголемата била на десното стапало. 

Северна Кореја тврдела дека неговите здравствени проблеми се последица на ботулизам и користење на таблети за спиење, и ги отфрлила тврдењата за мачење. 


Украл пропаганден плакат 

Вормбир починал неколку дена откако бил вратен во САД. 

Тој поради крадењето на пропагандниот плакат до хотелот бил уапсен на аеродромот во Пјонгјанг, додека се подготвувал да ја напушти Северна Кореја. Бил осуден на 15 години тешка работа. 

Потсетуваме, оваа вест доаѓа откако родителите на американскиот студент гостувале во две емисии на американските телевизии, каде зборувале дека нивниот син бил мачен во Северна Кореја и дека смртта настапила како последица од тешката тортура на која бил изложен. 

За злоставувањето на американскито студент во Северна Кореја јавно зборувал и претседателот на САД, Доналд Трамп. По емитувањето на интервјуто во кое родителите на Ото зборуваат за својот син, Трамп рекол дека Ото бил мачен од страна на севернокорејскиот режим. 

По извештајот на патологот, нивните тврдења се покажале како неточни.