Сеул и Вашинтгон постигнаа договор кој може да го запали Корејскиот полуостров: Американците распоредуваат нуклеарно оружје во Јужна Кореја?

Точка

28/09/2017

09:48

3.050

Големина на фонт

а а а

Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја постигнаа договор за распоредување на американско вооружување на територијата на Јужна Кореја во моментите кога односите на двете држави со Северна Кореја се максимално затегнати.

Распоредување на „ротациска основа“ на американското стратешко вооружување во близина на Корејскиот полуостров треба да започне кон крајот на оваа година, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“, повикувајќи се на изјавата на началникот на Управата за национална безбедност при кабинетот на јужнокорејскиот претседател Чунг Ји Јунг.

„Соединетите Американски Држави се обврзаа дека ќе го прошират ротациското распоредување на стратешкото вооружување во близина на Корејскиот полуостров. Тоа ќе започне кон крајот на оваа година и ќе ни помогне да ги зајакнеме одбранбените способности на нашата земја“, ги пренесува јужнокорејската новинска агенција збровите на началникот.


Агенцијата не открива за каков вид на оружје станува збор, но според податоците до кои што стигнале новинарите на „Јонхап“, договорот за заедничка одбрана кој што е постигнат помеѓу САД и Јужна Кореја ги подразбира сите средства, вклучувајќи и распоредување на нуклеарен арсенал.

Во јули 2016-та година, после пет месеци преговори, САД и Јужна Кореја постигнаа договор за распоредување на против-ракетниот систем "THAAD" чија задача ќе биде, доколку има потреба од тоа, да ги пресретне севернокорејските балистички ракети.


Американскиот ракетен систем е предвиден за атмосферско пресретнување на ракети од краток и среден домет. Секако, размесувањето на овој против-ракетен систем предизвикува загриженост во Кина и Русија, затоа што во досегот на "THAAD" се територии од источна Кина, односно југоисточните делови на Русија.

Од друга страна, вториот најголем сојузник на САД во регионот - Јапонија, го одобри поставувањето на ракетниот систем во Јужна Кореја, а властите од Токио нагласија дека распоредувањето на "THAAD" ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот.