Судот повторно ги одби бомбите како доказ во „Топлик“ „Тендери“ и „Тортура“

Макфакс

27/09/2017

12:15

897

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд повторно ги одби „бомбите“ како доказ во случаите на СЈО „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.

Во образложението пишува дека од списите на предметот се издвојуваат доказите предложени со листата на обвинението, и тоа аудиоснимки од телефонски разговори, како докази прибавени на незаконит начин со кршење на слободите и правата утврдени со Уставот на Р Македонија.

Против овие неправосилни решенија, дозволено е право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.