Падна „првата“ жртва после лошите резултати на Милан

Точка

27/09/2017

11:07

700

Големина на фонт

а а а

Иако „Росоњерите“ во текот на летниот преоден рок потрошија 200 милиони евра за нови засилувања, екипата на Винченцо Монтела не игра како што се очекуваше.

Милан оваа сезона веќе претрпи два порази и заостанува на табелата зад Наполи, Јувентус и Интер, а ако некој мораше да биде „жртва“ поради лошите резултати, а тоа да не е тренерот Винченцо Монтела, тогаш тоа е кондициониот тренер на кој што му е врачен отказ од управата на тимот.

„После внимателните анализи, одлучив дека физичката подготовка е еден од деталите каде што е потребен напредок. Одлучив да започнам нов план за физичка подготовка со кој што не се согласуваше мојот помошник, кондициониот тренер Емануеле Мара. Поради тоа, одлучивме да се разделиме“, изјави Монтела.