Според Министерството за надворешни работи на Кина, Пекинг се надева дека политичарите од САД и Северна Кореја ќе сфатат дека употребата на воена сила нема да придонесе кон излез од кризата, пренесува „Ројтерс“.
Кина не ја одобрува ескалацијата на воените закани помеѓу САД и Северна Кореја.
Оваа изјава следува откако севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Џонг-Хо, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ѝ објавил војна на Северна Кореја, како и дека земјата го задржува правото да преземе контрамерки, меѓу кои и соборување на американски бомбардери што ќе се најдат во воздушниот простор на Северна Кореја, па дури и ако се надвор од него.