Делев: Македонија влегува во рецесија

Макфакс

26/09/2017

01:26

1.201

Големина на фонт

а а а

Македонија под водство на неспособната влада на СДС влегува во рецесија, изјави Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Состојбата е алармантна. Граѓаните ќе ја платат неспособноста на СДС.

Сето ова доби потврда и од Народната банка на Република Македонија.

Од таму потврдуваат дека:

- Продолжената политичка криза што ја предизвика СДС ѝ нанесе сериозни штети на македонската економија;

- Економскиот раст од 2,5 процента што го предвидуваше новата Влада сега е само во рамките на научна фантастика;

- Во првата половина од оваа година македонскиот БДП забележа пад од 0,9 отсто, што е практично невозможно да се заврши годината со позитивен раст.

Сакаме да потсетиме дека македонската економија лани во услови на наметната политичка криза оствари раст од 2,4 отсто, но откако е СДС на власт, БДП падна 1,9 отсто, што е негово прво намалување од 2012 година.

Ова е доказ дека СДС за само три и пол месеци направи економско цунами во Република Македонија.

СДС со својата расипничка политика ја води државата кон економски колапс и банкрот.

Катастрофалната економска политика на СДС доведе и до цели 12 отсто пад на индустриското производство, 0,7 отсто пад на прометот во индустријата, пад на просечната нето-плата и пад на извозот од 2,2 отсто.

СДС за само три и пол месеци ја задолжи државата со нови 250 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 177 милиони евра.

Ваквите бројки се резултат на неспособното владеење на СДС и Заев.

Сè стагнира и сè е блокирано.

Граѓаните на своја кожа секојдневно ги чувствуваат катастрофалните економски политики што ги води Владата на СДС.

На ова неодговорно однесување на СДС граѓаните ќе мора да стават крај на 15 октомври“, рече Христијан Делев.