Северна Кореја ќе урива американски бомбардери

Макфакс

26/09/2017

01:20

1.078

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Џон Хо, изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп ѝ објавил војна за неговата земја и дека Пјонгјанг го задржува правото да преземе контрамерки вклучувајќи и уривање на стратегиските бомбардери на САД, дури и ако тие не се во севернокорејскиот воздушен простор.

„Целиот свет треба јасно да се сети дека САД се оние што први ѝ објавија војна на нашата земја“, изјави Ри за новинарите во Њујорк.