ВМРО-ДПМНЕ го обвини Саша Богдановиќ за матни бизниси

Макфакс

25/09/2017

22:50

672

Големина на фонт

а а а

„Саша Богдановиќ со денешните изјави продава магла и празни ветувања“, реагираа денес од ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на кандидатот за градоначалник за општина Центар.

„Изгледа Богдановиќ заборава кој беше на власт изминативе четири и пол години и дека во тие 4 години ништо позначајно не направија за Центар.

Би сакале да го потсетиме Богдановиќ дека на располагање имаа 100 милиони евра, а единствена работа со која може да се пофалат се екстремно скапата и преплатена Боемска улица, за чија должина од 280 метра платено е 710 илјади евра, и еден монтажен паркинг зад Буњаковец. Тоа се проектите на Жерновски и Богдановиќ.

Исто така, Богдановиќ и СДС имаа на располагање четири години да направат монтажни паркиралишта, повеќе паркинг-места, зелени површини, како и нова детска градинка во Маџир Маало. Тоа не го направија. Наместо тоа, Саша Богдановиќ тераше матни бизниси со ПОЦ. Само со една фирма во четири очи склучил договори вредни над половина милион евра. И тоа е вистински скандал.

Времињата на лажни ветувања поминаа. Центарци видоа што сработија Богдановиќ и СДС во изминатите четири години. Неспособноста, партизираноста и неработењето се главните одлики на Саша Богдановиќ“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.