Сите 28 членки на Европската Унија дадоа зелено светло за усвојување нови санкции за Северна Кореја како одговор за нејзините нуклеарни проби.
Санкциите би требало да содржат целосна забрана на европските фирми да извезуваат нафта во Северна Кореја и да вложуваат во оваа земја.
Со санкциите, исто така, „црната листа“ ќе биде дополнета со нови физички и правни лица од Северна Кореја, што би требало да доведе до замрзнување на нивниот имот во ЕУ и забрана за влез на територија на Унијата.
Формалното усвојување на санкциите би можело да се случи на следниот состанок на европските министри за надворешни работи на 16. октомври.