Тунтев: Законот за јазиците нема да биде донесен пред изборите

Макфакс

21/09/2017

15:47

755

Големина на фонт

а а а

По првото читање на законот за јазиците, следува второ читање, амандманска расправа, а потоа и јавна расправа, поради што законот нема да биде донесен пред изборите, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

„Заклучокот од овој притисок што го правите е единствен, тоа е само поради предизборни цели, сите опозициски партии собираат политички поени врз овој закон во поглед на локалните избори“, рече Тунтев.

Пратеничката Владанка Авировиќ по овој говор на Тунтев излезе со предлог доколку тој мисли дека репликите на ВМРО-ДПМНЕ се предизборна кампања, предлог-законот за јазиците да го повлечат веднаш.

„Иако сметате дека ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието реализира политичка кампања, вие нема да го повлечете законот бидејќи тоа е политички договор меѓу СДСМ и ДУИ и вие не можете да опстанете доколку не биде донесен овој закон затоа што имате само 49 пратеници и ДУИ ви е повеќе од потребна за да остварите мнозинство“, рече Авировиќ.