ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што уште во првите сто дена од мандатот на новата Влада, парите почнаа да одат директно кај граѓаните и не во џебовите на Никола Груевски и фамилијата, порача СДСМ.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата предводена од СДСМ за само сто дена успеа да реши долгогодишни проблеми на граѓаните што владите на ВМРО-ДПМНЕ упорно ги игнорираа. Пензионерите, стечајците, лицата со попреченост и работниците ги гледаат и чувствуваат придобивките од спроведените мерки на Владата и парламентарното мнозинство и ниту една лажна вест на ВМРО-ДПМНЕ тоа не може да го сокрие“ се вели во соопштението од СДСМ.